Во понеделник ни доаѓа неработен ден во Македонија по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Претстојниот викенд ќе биде продолжен. Неработен ден е 30 март (недела), кога се слави првиот ден на Рамазан Бајрам, а и 31 март (понеделник) ќе биде неработен ден.

Во април ќе следат и неколку неработни денови по повод Велигден. За сите граѓани неработен ден ќе биде 21 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар, што значи продолжен викенд.

За православните верници, неработен ден ќе биде и 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден.

 

*фото Архива

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации