Во текот на вчерашниот ден попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови.
Пописот започна, а не бил пријавен ниту каков било технички проблем, изјави вчера директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Македонија е поделена на 50 пописни реони, а за подготовка, организација и спроведување е задолжен Државниот завод за статистика. Во организацијата и спроведувањето на Пописот учествуваат и Советот за статистика, комисиите за пописните реони, државните инструктори, реонските инструктори, реонските попишувачи и други учесници согласно одредбите од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија.
Пописот ќе трае до 30 септември, а Заводот за статистика треба да ги објави резултатите шест месеци по завршувањето на теренските активности, но од Државниот завод за статистика најавија првични резултати во јануари следната година.
*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови






