• Услови за користење
  • Импресум

„Првото заседание на АСНОМ“- 2 Август 1944 год.

Првото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Во есента 1943 година беше формиран Иницијативен одбор за подготовка за создавање на АСНОМ. Во март 1944 Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни народноослободителни одбори, како и за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

АСНОМ – 2 Август 1944

АСНОМ – 2 Август 1944

Julkaissut Radovis News Tiistaina 31. heinäkuuta 2018

Во писмото на Иницијативниот одбор (од 14 март 1944) се укажува дека кандидатите за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат луѓе што на дело ја покажале преданоста кон НОБ, што се согласуваат со политичката концепција изложена во манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, од октомври 1943 година.

Во пролетта и летото 1944 година во Македонија се одржаа селски, градски и окружни конференции на кои се избрани раководствата на органите на народната власт на повеќе од 500 народноослободителни одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.

На 2 август 1944 во манастирот Прохор Пчињски, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 длегати… На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател Методија Андонов-Ченто, и двајца потпретседатели – Панко Брашнаров и Мане Чучков и 18 членови, од кои два секретара – Љупчо Арсов и Владо Полежина, потоа претставници од Македонијаза АВНОЈ, како и повеќе помошни тела на Президиумот.

Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другото, стои: „Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет…

Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна.

Заседанието на АСНОМ претставуваше потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народностите за конечна победа – за истерување на окупаторите.

Со Првото заседание на АСНОМ како врвно достигнување на НОБ на Македонија се обележува почетокот на постоењето на Социјалистичка Република Македонија во федерација со југословенските народи… На 28 декември 1944 година во Скопје во ослободена Македонија започна со работа првото вонредно заседание на АСНОМ, познато како Второ заседание.

Президиумот на АСНОМ по Првото заседание ја презеде грижата околу развитокот на културата и просветата. Така, уште пред Македонија да биде ослободена, се организира широка мрежа училишта од различен вид и различен степен. Пото се донесе решение основната настава да трае седум години, а средната – пет. Беа разгедувани и можностите за формирање на некои институти. Се преземаат мерки за отворање гимназии во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.

На 1 декември 1944 Президиумот на АСНОМ решава во Скопје да се организира музичка академија, уметничка и учителска школа и други средни школи… По ослободувањето на Скопје, во декември 1944, се организира посебна офицерска школа за усовршување на старешинскиот кадар… Во овој период се раѓа првата повоената генерација македонски поети и писатели, ликовни и музички уметници.

Во почетокот на есента 1944 година, културно-просветната група “Кочо Рацин” создава јака театарска група и дава драмски претстави во џамијата во село Горно Врановци. По ослободувањето на Скопје, во културно-просветната група “Кочо Рацин” од составот на единиците се вклучуваат извесен број сртисти кои почнуваат да градат професионален македонски народен театар со драма, опера и нешто подоцна балет… Во октомври 1944 година во Врановци се формира машки хор при Главниот штаб, кој по ослободувањето израсна во хор на Армијата во Скопје… Во октомври 1994 село Горно Врановци станува место каде што се воспоставува повоената македонската наука, култура и уметност.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза