Во организација на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш и ВБМ Центарот при НУБ „Свети Климент Охрдски“ Скопје беше презентирана специјалната понуда за членство на училишните библиотеки во библиотечно – информацискиот систем на Македонија (COBISS.MK).
Бесплатното вклучување на училишните библиотеки во системот подразбира инсталирање на локална база на податоци и програмска поддршка COBISS за училишната библиотека која ќе склучи договор за членство во системот COBISS како и без надоместок на месечна членарина за работна станица во траење од една година од датумот на склучување на договорот“ рече одговорното лице од ВБМ Центарот Жаклина Ѓалевска.