Градоначалникот Ацо Ристов денеска пред Советниците на одржаната 64 седница на Советот на општина Радовиш го презентираше проектот „Реконструкција на Центарот за култура Ацо Караманов“ проект со кој Општина Радовиш аплицираше на повикот за инфраструктурни проекти.
На седницата беа разгледани 35 точки од донесениот дневен ред, и седум како дополнување на дневниот ред.
Советниците на оваа седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци. На почетокот Советниците имаа можност да постават советнички прашања на кои одговор даде Градоначалникот Ацо Ристов.
Седницата ја водеше Претседателот Страхил Гавритов.