• Радовиш
  • Услови за користење
  • Импресум

ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА ВО УЧИЛИШТАТА – започна учебната година во училиштата во Општина Радовиш (фото)

Учебната година за учениците во средното и основното образование во општина Радовиш започна – најсреќен ден беше за првачињата кои го започнуваат своето образование.

270 илјади ученици и средношколци започнуваат денес, коронавирусот и пандемијата предизвика многу неизвесности во однос на спроведувањето на наставата за учениците. Дел од учениците денеска ќе бидат во училниците, на два метри од своите другарчиња, а најголемиот дел дома, пред компјутер на онлајн настава или пред телевизор.

Почитувајки ги мерките и препораките од страна на МОН денес првачињата со мала свеченост имаа прием во училиштата, тие беа поздравени од страна на наставниците и директорите на училиштата, од име на општина Радовиш поздрав и честитки за започнување на учебната година имаа од страна на Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза