Доколку сте микро, мало или средно претпријатие, социјално претпријатие или граѓанска организација, не ја пропуштајте можноста да аплицирате во работните клубови на Центрите за вработување најдоцна до 04.07.2025 година.
Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст до 29 години изнесува 250.000 денари. За лицата кои се корисници на гарантирана минимална помош, Роми, за лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот за вработување изнесува 220.000 денари, а за невработени над 29 години грантот за вработување изнесува 160.000 денари.
Исплатата на парични средства ќе биде на наменска сметка со приложување на профактури за набавка на опрема, материјали и готови производи за понатамошна продажба.

