На 19.09.2023 во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.С.(28) од Радовиш.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Е.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица
*фото Архива