ПРОГРАМА НА СДСМ – европски плати и подобар животен стандард…

Програмата на СДСМ, како што посочи во саботата лидерот на партијата Димитар Ковачевски, се заснова на неколку столба – европски плати и животен стандард, достоинствен живот за пензионерите и поддршка за младите, силна домашна економија и модерна европска инфраструктура. Најави новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата и по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. 

Вети завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

– Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. Јас знам дека тој пат не е лесен, особено за нас. Јас на своја кожа почувствува дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Затоа уште еднаш ќе потенцирам дека на Македонија и е потребна Европската Унија. Тука не зборувам за бркање на европскиот сон! Географски и културолошки, Македонија е составен дел од Европа. Она што нѝ треба и кон кое се стремиме се европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега, без одлагање и за сите, рече Ковачевски на конгресот во саботата. 

 

СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на државата и ќе го забрзаат влезот на Македонија во ЕУ. На граѓаните им ветуваме- Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. Јас знам дека тој пат не е лесен, особено за нас. Јас на своја кожа почувствува дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Затоа уште еднаш ќе потенцирам дека на Македонија и е потребна Европската Унија. Тука не зборувам за бркање на европскиот сон! Географски и културолошки, Македонија е составен дел од Европа. Она што нѝ треба и кон кое се стремиме се европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега, без одлагање и за сите, рече Ковачевски на конгресот во саботата.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации