ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ОД МОСТОТ НА СМИЉАНСКА РЕКА ДО ЦЕНТАРОТ НА СЕЛОТО СМИЉАНЦИ
Општина Радовиш во соработка со канцеларијата на Светска Банка во РСМ, потпишаа договор со фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ- Скопје за изградба на патот од мостот на Смиљанска река до центарот на селото Смиљанци во вредност од 25.5 милиони денари.
Со градежните активности на траста во должина од 2.7 км ќе се започне на 5ти Мај а се очекува комплетирање до крајот на месецот Јули.