• Радовиш
  • Услови за користење
  • Импресум

ПРОДОЛЖУВА ОБНОВУВАЊЕТО НА МЕХАНИЗАЦИЈАТА И ВОЗНИОТ ПАРК НА ЈП „ПЛАВАЈА“

Денес пристигна новиот камион-кипер за комуналното претпријатиe JП „Плаваја“

Возилото во вредоност од 4.106.000 денари е донација од Светска банка а Општината учествуваше со 186.000 денари. Оваа донација ќе влијае во подобрувањето на квалитетот на услугите на јавното претпријатие, а  благодарност до Светска банка за досегашната соработка со Општина Радовиш – истакнаа од општината.

Камионот кипер со зафатнина од 5 м3. Камионот е набавен од општина Радовиш за потребите на претпријатието со што ќе се замени досегашниот застарен и изамортизиран камион кипер кој беше набавен во далечната 1991 година и значително ќе се подобрат ефикасноста и ефективноста во работењето и ќе се намалат трошоците за одржување. Камионот беше предаден на претпријатието од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов.



Related Articles

Временска прогноза