На 19 и 20 април во Радовиш по вторпат ќе се случува поетската манифестација за деца и млади
„Пролет на сребрените соништа“-2019 , манифестацијата е во организација на здружението на граѓани „ Невена за тебе, за мене, за нас“, а во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, ООУ„ Крсте Петков Мисирков“ и „ Просветно дело„ АД Скопје
Два дена нашиот град ќе пулсира во духот на македонската поезија за деца и млади. Децата од нашиот град како и децата гости од целата земја и од Р. Србија ќе имаат можност да се дружат со еминентните македонски поети за деца: Горјан Петревски, Киро Донев, Ксенија Трајчева Маказлиева, Вера Андон.
Свеченото отварање на манифестацијата е во петок во 19 часот во Центарот за култура„Ацо Караманов, а продолжува во сабота во ОНБ„Браќа Миладиновци„ со поетско –ликовна работилница на тема: „ Народното творештво- инспирација и предизвик за идните генерации.
Во рамките на манифестацијата ќе се случи промоција на книгата на писателката Вера Андон„ Тајната на црвената гума“, илустарциите за оваа книга ги изработи Невена Поцкова- ученичка во седмо одделение во ООУ„ Крсте Петков Мисирков“- Радовиш.
Манифестацијата е поддржана од општина Радовиш