Во присуство на голем број посетители во средата во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш се одржа промоцијата на книгата „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов“од авторот проф.д-р Мито Спасевски, редовен професор на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје и раководител на Институтот за библиотекарство при истиот факултет.
Книгата беше промовирана од проф. Д-р Виолета Мартиновска и проф. Д-р Христо Петровски кои зборуваа за богатото книжевно творештво на проф.д-р Мито Спасевски, со посебен осврт на книгата „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов“ во која авторот зборува за краткиот, немирен и со младешки занес исполнет живот чии стихови сведочат за младешките радости и болки, за детската визија за подобро утре, за недосонувата и недоживеаната претстава на слободен свет, на слободна татковина.