Денеска со почеток од 18.00 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ ќе биде одржана промоција на книга ,,Детските игри во Радовиш” на авторот Павлина Кошевец.
Новата книга на авторот Павлина Кошевец,има опфатено класифицирани игри кои се играле/играат во Радовиш.
Детските игри никогаш не познавале граници, освен некои кои се специфични според местото на изведување, средствата кои се користат за играта, или говорните изрази врзани за некое географско подрачје.
Во оваа издание се опфатени традиционалните игри во Радовиш и радовишко, во книгата има 46 информатори и 112 игри: Залагалки, Ајде да си играме, Игрите на снегот, Ора копа, Игри на улоги и драматизација, Игри со реквизити за бој, и многу други…
Традиционалните детски игри се дел од народната култура, а во нив е сочувано педагошкото искуство на многу генерации. Тие припаѓаат во категоријата на спонтани инструменти на социјализација и претставуваат еден од најуспешните моделитети на традиционалното општество, мост помеѓу традицијата и современите достигнувања на технологијата – вели авторот Павлина Кошевец.
Во книгата исто така има речник кој е збогате со зборови од радовишкиот говор, и е дополнување на речникот од „Радовишки маабети“ кој исто така е автор Павлина Кошевец.
Фото/текст: RadovisNews




Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




