ПЧЕНКА -лек од природата

Ја препорачуваат варената пченка како додаток на оброк, а покрај придобивките кои ги нудат, таа е и нискокалорична.

Пченката е билка што потекнува од Средна и од Јужна Америка. Се одгледува во умерени и топли делови од светот. Таа во голем дел од светот стана основна храна, со целосно производство што го надмина производството на пченица и ориз. Меѓутоа, секоја пченка не е за консумирање. Нејзини подвидови се користат за хранење стока, а дел за добивање пченкарен скроб и сируп. Една од најпознатите видови пченка кај луѓето е „шеќерната пченка“. Таа е житарка што ви нуди цело зрно богато со витамини. Богата е со јаглехидрати па затоа во многу национални кујни се консумира наместо леб.

Добра е за оние кои страдаат од болки во желудникот, бидејќи ги ублажува симптомите на гастритис и чир, а значително ги намалува и киселините. Со големото изобилството на растителни влакна, варената пченка претставува одличен појадок. Таа го снижува нивото на лошиот холестерол и го забрзува метаболизмот.

Витамин Б е со голема количина, варената пченка придонесува за намалување на нивоата на хомоцистеин во крвта кои ги оштетуваат крвните садови, па редовното јадење на варена пченка го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар.

Податоците на истражувања покажуваат дека варената пченка, исто така, ја спречува анемијата, ја ублажува болката во мускулите, ја ублажува депресијата, ја подобрува концентрацијата и го зајакнува нервниот систем. Разликата на поголемиот број продукти коишто ги губат повеќето здрави состојки во текот на готвењето, кај пченката се губи само витаминот Ц, но за сметка на него истовремено се ослободуваат и антиоксидантните молекули, со што се зголемуваат неговите позитивни придобивки на исклучително здрав производ.


Нутритивни вредности еден клас

вкупно масти 1 г
заситени масти 0,2 г
холестерол 0 мг
натриум 0 мг
калиум 163,24 мг
јаглехидрати 18,67 г
диететски влакна 2,1 г
шеќери 4,04 г
протеини 3,03 г
витамин А 4 отсто
витамин Ц 8 отсто
железо 2 отсто


Свежа и печена пченка

Состојки:

  • 120 гр путер
  • 4 лажици сецкан магдонос
  • 1/2 лаж. сецкана мајчина душичка
  • 2 чеш. лук, толчени
  • 1 лаж. лимонов сок
  • 1/4 лаж. сол

Подготовка:
 Во еден сад помешајте ги сите зачини со путерот. Измешајте убаво додека не добиете хомогена смеса. Земете поголема пластична фолија и во средината сипете ја смесата со путер и со помош на фолијата обликувајте ја како ролат. Ставете ја во фрижидер да се стегне убаво. Класовите пченка можете да ги сварите или пак да ги испечете на скара. Изладениот путер исечете го на парчиња и со нив премачкајте ги врелите пченки. Послужете ги топли.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации