На 04 и 05 јуни, 2018 година во хотел Сириус се одржа работна средба на членовите на Советот за управување со сливот на река Струмица во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Министерството за животна средина и просторно планирање и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Целта на оваа средба беше да се направи една иницијална средба на членовите на Советот за управување со сливот на река Струмица и да се направи план и подготовка за неговата понатамошна работа.
На работната средба присутни беа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка, УНДП, претставници од општините од Сливот, Струмичко поле, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, УХМР како и дел од експертските тимови кои работеа на имплементација на одделни активности во рамките на проектот.
Првиот ден беа презентирани Планот за управивање со сливот на река Струмица, резултатите од мониторинг програмата во сливот на река Струмица и Планот за управување со ризик од поплави. Вториот ден пак се направи преглед на клучните активности и досегашни резултати на проектот за управување со сливот на река Струмица, а експертските тимови ангажирани по проектот пак ги претставија досегашните остварени резултати, и тоа за спроведувањето на програмата за агро-еколошки мерки, за спроведените активности за поддршка на системот за интегрирано спречување и контрола на загадувањето како и Физибилити студијата за управување со отпадните води во сливот на река Струмица.