• Услови за користење

РАДОВИШ ДОБИ ШАМПИОН ВО БОДИБИЛДИНГ И ТОА ВО ДВЕ КАТЕГОРИИ

Радовишанецот Александар Јерамазов освои два златни медали на државниот натпревар во бодибилдинг “Атлета на Македонија 2019”, во категориите „Физик Јуниори“ до 23 год. и “Физик Мажи” со висина над 178 см.

Дваесетгодишниот Радовишанец веке има освоено еден златен медал во категоријата “Физик јуниори”, изминатата 2018-та, на истиот натпревар. Годинава освен што успеа да го повтори минатогодишниот успех повторно да се здобие со златен медал во истата категорија, тој успеа да се здобие со уште еден златен медал во категоријата “Физик мажи”.

“Бодибилдингот ми го помени животот и можам гордо да изјавам дека што почнав да тренирам беше најдобрата одлука што сум ја направил до сега. Ми го изгади карактерот, цел идентитет ми е базиран на тоа.” – изјави Александар. “Сакам да бидам за сите пример дека со желба, труд и дисциплина можете каде сакате да стигнете во животот.

Ова година успеав да го повторам минатогодишниот успех како шампион во Физик Јуниори но исто така и да добијам златен медал во Физик Мажи. Ме чекат нови такмичања во блиска иднина и сум спремен да направам се што треба да бидам најдобрата верзија на себе, од пеколните режими на исхрана до бруталните тренинзи.” 
Александар активно се занимава со овој спорт од својата 16-та година. Две години по ред излегува на бина и веќе има освоено три златни медали. “Најголема заслуга за цел мој успех ја има мојот тренер Борче Дамбов и сме спремни да достигнеме уште поголеми успеси” – рече Александар.
Инаку “Атлета на Македонија 2019” се одржа на 4 Октомври во спортска сала “Расадник”, во Скопје. На натпреварот учествуваа над 50 натпреварувачи од целата држава.

Related Articles

Временска прогноза