– На 20.01.2025 во 22.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.Т.(25) од Радовиш поради сомнение дека околу 19.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа сопственост на Г.С.(77) од Радовиш. Во службениот разговор Ј.Т. го признал делото, информираа од МВР. 

Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации