РАДОВИШАНИ НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА ВО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ ЗАШТИТА НА ЛИЦЕТО

Според статистиката на МВР,  Радовишани се на врвот на листата на граѓани од градовите на југоистокот кој го опфаќа оваа подрачје и е под ниво на СВР Струмица, од 27 лица на цел регион – 14 се радовишани.


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (06/07.07.2020) по однос на уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лицa, од кои 14 на подрачјето на Радовиш, седум во Гевгелија, пет во Валандово и еден во Струмица не ја почитувале и ќе следуваат соодветни мерки.

 

Секторот за внатрешни работи Струмица

 

 

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации