Женската фолклорна група „Радовишанки Етно“ на 14-15 Април учествуваше на „Втора Парачинска Фолклоријада“ во организација на КУД „Бранко Крсманович“ од Парачин, Република Србија.
Учество на оваа фолклоријада во Парачин зедоа 16 фолклорни групи на ветерани со околу 300 учесници.
ЖФГ „Радовишанки Етно“ нашата држава и општина ја претстави со „Тресеница“ при што особено остави впечаток кај публиката со својата богато украсена носија.