РАДОВИШКА УТРИНСКА СЛИКА! -за само два дена повторно депонија кон Плачковица…

Чистеењето на „традиционалните депонии“ покрај патот кон планината Плачковица кој беше спроведено после „3 месеци повторно“, и беше завршено пред два дена за дел од нашите сограѓани изгледа дека не е завршено?

Денес за време на една друга еколошка акција која дополнително ќе ја објавиме, видовме дека повторно за неполни два дена „традиционалните депонии“ повторно се полнат.

Па да прашаме. Имаме ли ние трошка свест? Дали со следните дождови тие отпадоци кои се со непријатна миризба за кои сме сведоци ние, ќе ни дојдат во градот по улиците, знаејки дека сите атмосферски води ни се слеват во радовишка река?

Дали, и повторно прашуваме дали, ние се сметаме за граѓани на урбана средина или лица кои живеат во нецивилизирано општество без никакви прописи и правила?

Каде ни е свеста ?

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации