• Услови за користење
  • Импресум

Радовишки марифети: АШУРЕ

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


 Ашуре (турски десерт)

Легенда за Ашурето (турско предание): Еден ден, Бог му го испратил ангелот Чибраил на Нух (Ное), кој му рекол да изгради брод и земе машко и женско од секој вид. На арката се собрале добри луѓе од сите вери, Давид, Муса, Сулејман, Иса и Мухамед.

Вака насобрани, тргнале и чекале. Набргу започнал потопот. Алах мунаредил на небото да ги истури своите води долу, а на земјата и наредил да ја задржи водатаи да не ја впива.

Водата толку бргу се кренала што никој надвор од арката не можел да преживее.Со денови, без престан тие пловеле, но на сите страни имало само вода.Набргу им снемало храна  па немало доволно за да направат јадење.

Тогаш Нух наредил: Донесете се што имате. И животните и луѓето од разни вери и инсектите иптиците го донеле она малку што им останало.Ги зготвиле сите состојки заедно и така направиле огромен лонец ашуре. (Давид ,Мојсеј, Соломон и Исус во Куранот-превод).


Подготовка:

Се варат: 1кг. пченица, 2кг. вода, 2 кг. шеќер, потоа се додаваат: 200 гр. суво грозје, 200 ореви, 200 гр. лешници, 200 гр. леблебија, 100 гр. урми, 200 гр. миндели, 200 гр. сува кајсија, 1 кесенце цимет и на крај по желба 0,5 л млеко.

А на старски начин, пченицата со целиот мастрав се вари заедно. На крајот се меша со сутлијаш.


Related Articles

Временска прогноза