Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.
ПРЕСНИК
Потребни состојки:
1кг брашно, ½ сода бикарбона, сол и студена вода по потреба.
Подготовка:
Се меси, а потоа пред да се стави во фурната се украсува со шари од виљушка. Се пече без да стасува.
Најчесто се приготвува како замена за леб.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови