• Услови за користење
  • Импресум

Радовишки марифети: Радовишка АЛВА

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и самуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш.

Поради тоа, од оваа рубрика „Радовишки марифети“ , ќе ви претставиме неколку радовишки кулинарски тајни.


Радовишка АЛВА – (Најстар рецепт за алва)

Состојки:

1,2, 3/4 филџан зејетин

2 филџана гриз

3 филџана шекер

4 филџана вода

 

Подготовка:

Се пржи гризот за да добие светло кафена боја. Потоа се додава зорвиениот шекер со водата и се меша добро се додека не почне да се одлепува од тенџерето.
Алвата се оформува со лажица, или мали калапчиња по желба, а може да се дададат и ораси, пржен сусам или суво грозје.

По старски алвата уште топла се вади со голема лажица и се става во плитка чинија , а ако сакате можете тоа да го направете и поинаку, или да додадете во смесата чоколадо или какао , може да ставите сецкани ораси ….

 


 







 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза