• Услови за користење
  • Импресум

Радовишки марифети: САЗДРМА

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и самуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш.

Поради тоа, од оваа рубрика „Радовишки марифети“ , ќе ви претставиме неколку радовишки кулинарски тајни.

 

Саздрма

Потребни состојки:

– 10 кг телешко или јагнешко месо без коска;

– 2 кг телешки или јагнешки лој;

– 2 л вода;

– ловоров лист;

– масло;

– црвен пипер;

– сол;

– црн бибер.

Подготовка:

Сите состојки се динстаат заедно подолго време. Откако месото ќе се свари, се додава сол и мелен црн бибер, а пред да се тргне од оган, се става црвен пипер. Смесата се истура во тепсија и се остава да се здрви. Се чува на ладно место. Може да стои и да се употребува повеќе денови – дури и над десет дена.

Ова е традицоналниот рецепт, а денес се прават и мешани самуни со саздрма и со малку сирење или со едно-две јајца врз смесата, кои се печат во фурна на жар.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Related Articles

Временска прогноза