• Услови за користење

Радовишки марифети: САРМА ОД ШТАФЕЛ

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


 

Сарма од штафел

Подготовка:

Се чистат лисјата од штафел oд рачките и се исекува тврдиот дел по листот, се попаруват лисјата со врела вода за да омекнат.

Се запржуваат околу 5 млади кромитчиња и 1 тиквичка, потоа се додава 300 гр ориз, а по вкус се додаваат и вегета, црн пипер и мирудија(сушено нане), и 1 мала лаж. црвен пипер.

Се става од зајрето врз омекнатите лисја од опачината, се завиткуваат по малку од долгите страни на внатре, па од долната страна се мотка до врвот на листот. Потоа се зоврива 600 мл врела вода, па се заливаат сармите.

Се печат во загреана релна околу 30 мин. и се попрскува со 200 мл. зејтин.

 



 

 




 




 

Related Articles

Временска прогноза