РАДОВИШ ГИ ИЗБРА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ И СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ ЗА 2023 ГОДИНА

Пред голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, вчера во Ресторанот „Маг Марг“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.

Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2023 година.

За спортист на годината признание доби Александар Јермазов за спортско достигнување во „Бодибилдингот“. Признание за најдобра спортска екипа доби ФК Детонит Плачковица, Зајкова Изабела со посебно спортско достигнување во „Бразилско Џиу цицу“, а посебно признание доби Одбојкарската федерација на Македонија.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА – Комплетна

 

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации