РАДОВИШ ДОБИ -ЕКОЛОШКА СТАНИЦА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Општина Радовиш  потпиша договор  за меѓусебна соработка со „Елколект“ од Скопје – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акомулатори кој е во согласност со Законот за управување на електричен и електронски отпад.

Со ова, општина Радовиш доби донација од 1 еколошка станица. 4 матални корпи за отпад од електрична и електронска опрема, 9 пластични корпи за отпад од електрична и електронска опрема, и 7 туби за отпадни батерии. Опремата е распоредена во Основните училишта, Општинското средно училиште и во Единицата за локална самоуправа.

Еколошката станица е лоцирана во кругот на комуналното претпријатие ЈП „Плаваја“. Во наредниот период ќе следуват предавања од стручни лица за учениците од основните и средното образование и доставување на  брошури и друг промотивен материјал за подигање на јавната свест. „Елколект“ ќе обезбеди и навремено преземање, транспорт и третман на отпадот – известуваат од Општина Радовиш.

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации