За прв пат во историјата на постоењето на ФФМ, Радовиш добива позиција член на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Станко Манчевски е избран за член на УО при ФФМ.

За Радовиш тоа е потврда за напорната и успешна работа на спортските работници и градот во развојот и помовирањето на фудбалот и спортот воопшто.

Редовното изборно Собрание на ФФБ е планирано за месец март оваа година каде што се очекува делегатите да му дадат доверба на Претседателот Масар Омерагиќ.

Честитки за оваа позиција на Манчевски се надеваме дека достојно ќе биде наш претставник помеѓу фудбалската фела во Република Македонија.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации