• Услови за користење

РАДОВИШ ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ГИМНАСТИКА

Утре – Четврток 26.04.2018 во Спортската сала на ООУ „Крсте П. Мисирков“ ќе се одржи Државното првенство во Гимнастика за ученици од Основните  училишта на Македонија.

Свеченото отварање е предвидено во 10.00 часот, со што потоа започнуваат настапите на Гимнастичарите, во 14.30 часот е предвидено прогласување на победниците.

Организатор е Општинскиот сојуз на училишни спортови Радовиш и Федерацијата на училишни спортови на Македонија, како и домаќинот ООУ „Крсте П. Мисирков“.

 

Вреди да се напомене дека ваков натпревар како што спомнуваат спортските работници во Радовиш се одржува после 51 година, повторно радовишани ќе имат можност да проследат настап на најмладите гимнастичари.

Related Articles

Временска прогноза