Во тековната 2023 година Граѓански креативен центар “КРЕА“ од Радовиш планира да организира неколку едукативни предавања од областа на Археологијата, Етнологијата и Историјата во училиштата и културните институции на општина Радовиш и Радовишко. Овој проект – предавање е со наслов „ Радовиш и Радовишко низ времето“ и опфаќа сликовит приказ на праисторијата и историјата на Радовиш и Радовишко.
Оваа едукативно предавање е прво од ваков вид во општина Радовиш. Предавањата ќе бидат реализирани во периодот од месец април до месец јуни 2023 година, во следниве училишта и културни институции:
- ОНБ “Браќа Миладиновци“, општина Радовиш
- ОУ “Никола Карев“, општина Радовиш
- ОУ “Крсте Петков Мисирков“ , општина Радовиш
- СОУ “Коста Сусинов“, општина Радовиш
- ОУ “Орце Николов“, с. Ињево
- ОУ “Кирил и Методиј“, с.Ораовица
Предавањата ќе ги водат: М-р Оливер Бојаџиев (предавач-Aрхеолог) и Борче Ценев (асистент- Историчар Архивист). Времетраењето на секое предавање ќе биде 2 часа.
Значењето на овие предавање е големо како за општина Радовиш така и за Република Македонија, а ќе придонесе за поактивно едуцирање и запознавање на младите со богатотомакедонско културно наследство.
На 13.април 2023 г. во 18 часот ќе биде првото предавање во ОНБ “Браќа Миладиновци“. Овој проект е подржан од општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



