• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

РАДОВИШ: ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Како што претходно информиравме на дел од информациите добиени и споделени од голем број на медиуми и портали дека лица од Радовиш се од 53 ново потврдени случаи официјално и Министертвото ја дополни мапата со Радовиш, со што потврди дека и наши сограѓани се позитивни на тестовите.

Министерството за здравство, по добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово – 8, Штип – 3, Радовиш – 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 221, Куманово -93 Дебар – 49, Штип-18, Радовиш – 2, Прилеп – 24, Тетово – 17, Струга – 23, Велес – 9, Битола – 4, Охрид – 3 Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 7.

Интерактивна мапа каде што се гледа состојбата со корона вирусот во Македонија



Related Articles

Временска прогноза