РАДОВИШ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ДОМАЌИН НА НАЈПОСЕТЕНАТА ГУРМАНСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“

Радовиш и радовишани се горди на својата гурманска манифестација збогатена со прекрасната музичка програма на овогодишната “Самун ем Татлија“.

Беспрекорната организација, во сите три дена докажа дека нашата „Самунијада“ е најдобро организирана гурманска манифестација која се одржува во Македонија, каде што првичните информации говорат дека се изеле преку 40.000 „самуни“ и трите дена во Радовиш биле присутни преку 30.000 луѓе.

Петочното отварање на манифестацијата започна со музичка програма со настапот на Виктори Бенд, по што следуваше и моментот на свеченото отварање.

Како генерален покровител, манифестацијата за отворена ја прогласи Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов кој на сите граѓани им посака пријатни и весели моменти уживајќи во тридневната програма.

Троја во проширен состав со Ратко Даутовски и Петре Јованов изведувајќи ги најпознатите рефрени на групата Сантана имаа прекрсен концерт, а потоа следуваа и одличните концерти на Дани Димитровска и на нашиот македонски бисер Влатко Лозановски – Лозано со кои се забавуваа повеќе од 8,000 посетители, за крај вечерта ја заврши Слаткаристика.

Во саботата традицијата и мелос на сцената го прикажаа фолклорните ансамбли: „Подарешани“, „Китка“ и „Бучим“. Веднаш потоа следуваше настапот на Фолклорниот ансамбл „Масука“ од Велика Плана како и презентации на економско-угостителското училиште и на традиционална храна од нивниот крај.

Антонија Гиговска ја започна вечерната програма, а потоа следуваше и екслузивниот настап на големата хрватска музичка ѕвезда Јелена Розга, со која во ист глас пееше и повеќе од 10,000-та публика присутна на самиот концерт.

После Јелена, на сцената се појави српската атракција Дејан Петровиќ Биг Бенд кои со својата енергија на сцената, не оставија рамнодушен ниту еден посетител и оставија вистински позитивен белег од концертно-програмскиот дел на „Самун ем Татлија“.

Радовиш да биде посетен од повеќе од 10,000 домашни и странски туристи во неделата, главната причина беа секако прекрасните самуни и татлии кои беа изложени на вкупно 17 штанда и прекрасната културно-забавна прорама која започна со настапот на Фолклорниот ансамбл „Ацо Караманов“.

Веднаш потоа следуваше настапот на Етно составот „Вез“ кои го разубавија прекрасното неделно пладне. Во попладневниот музички дел, прорамата ја отворија радовишките бисери „Распеани Радовишани“ а по нив следуваше настапот на Ангел и Орце кои сериозно ја загреаа атмосферата за вечерните концерти.

Веднаш по нив на сцената се појави музичкиот состав Јупитер предводени од прекрасните гласови на Горан и Ленче Кукич кои приредија вистинско изненадување настапувајќи заедно со ѕвездите од музичкото шоу „Никад није касно“ а изведувајќи нивни и мелодии од Екс-ју просторите.

Овогодишниот програмско-концертен дел го затвори позната грандова ѕвезда Мирза Селимовиќ кој ја држеше публиката на нозе се до полноќ, притоа предизвикувајќи вистинска еуфорија низ огромната посетеност на оваа вечер.

На крај, овогодишната прекрасна „Самун ем Татлија“ беше затворена со велелепен огномет како и со прекрасни пораки за соживот, здравје и благосостојба но и огромна благодарност упатена од страна на Градоначалникот Конзулов до сите чинители на самата манифестација а особено до организаторот, Центарот за култура „Ацо Караманов“.


Погледнете повеќе

Повеќе информации