Репрезентацијата на Црна Гора се подготвува за „Кроација Куп“, што ќе се одржи во Пореч, а покрај нив на турнирот ќе настапат домаќинот Хрватска и Италија.
Селекторот на репрезентацијата на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за јануарскиот настап во националниот тим.
Меѓу повиканите 19 ракометари, се наоѓа и ракометарот на РК Радовиш, Божидар Симиќ кој може да настапува и на лево крило и на бековските позиции. Симиќ е дебитант за репрезентацијата на Црна Гора.