Распеани Радовишани имаа настап на Фестивалот “Под кулите во Струмица“ кој беше 10-ти по ред Фестивал на староградски песни и серенади а се одржа во петокот на 11 мај во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица.
На овој фестивал учествуваа шест ансамбли, а нашите „Распеани радовишани“ под водство на уметничкиот раководител Ванчо Данаилов настапија со Благуно дејче, Низ двор ми шета мома Катерина и Стариот фенер.