Општина Радовиш распиша Оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2017 год. како и за спортски работник за повеќегодишна работа
Дел од критериумите:
- Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2017-та година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.
- Поднесената Пријава треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2017-та година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).
- Рокот за доставување на пријавите е 10(десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 18.01.2018 год.
Повеќе за Огласот може да погледнете на страницата на Општина Радовиш на линкот ОГЛАС