ИЗРАБОТКА НА УСПЕШНА ВЕБ СТРАНИЦА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “YOUTH IN CHARGE OF THE WORLD”

Во СОУ “Коста Сусинов” се  реализираше работилница во која главната цел беше учениците да научат како да изработат успешна веб страница. На работилницата присуствуваа учениците кои се таргет група на проектот и која ја сочинуваат 34 ученици од нашето училиште.

Потоа следуваше презентација со насоки и упатства за изработка на успешна веб страница. На почетокот од презентацијата им беа претставени 6 чекори за изработка на веб страница, а потоа им беше објаснето кои се нивните задачи и активности. Учениците добија задолженија да истражуваат и да размислат за насловната страница, содржината која ќе биде поставена на веб страницата, менито и промовирањето на веб страницата на социјалните мрежи.

Следуваше поделба на учениците во 5 групи т.е формирање на работни тимови од ученици, при што секој од работните тимови доби задолженија. Тимот „RYCO“ доби за задача да пребарува и да најде податоци за RYCO проектот. Тимот „Нашите активности…“ доби задача да најде податоци за сите актвности кои ги имаа учениците кои се дел од проектот пред да заминат во Нови Сад и Јајце. Тимот „Нови Сад“ доби за задача да ги претстави сите активности кои ги имаа учениците за време на посетата во Нови Сад, како и да ги прикажат местата кои беа посетени. Тимот „Јајце“ доби за задача да ги претстави сите активности кои ги имаа учениците за време на посетата во Јајце, како и да ги прикажат местата кои беа посетени. И последниот тим „Implementation team“ доби задолжение од сите прибрани податоци да изработи веб страница.

На крај беше побарано од учениците да дадат свои размислувања за изработката на веб страницата, како и да споделат свои идеи.

 

СОУ “Коста Сусинов”



 





 




Погледнете повеќе

Повеќе информации