„Резидентно“ и „нерезидентно“ – укинати делови од Методологијата за попис

Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не за поништувачка одлука, од Судот напоменуваат дека одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина, но нема да важи ретроактивно за веќе спроведениот попис од 2021 година

Уставниот суд на денешната седница укина делови од Методологијата за попис на населението од 2021 година, а кои се однесуваат на категориите „резидентно“ и “нерезиденто“ население кои беа воведени при последното пребројување на населението во државава. 

 

„Во предметот У.бр.251/2025 кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година информираме дека Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина: Дел II ‘Општ дел’ точка 5 потточка 1 во делот ‘Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица – единици на Попис’ и потточка 2 во делот ‘Вкупно нерезидентно население’ го сочинуваат следните лица – единици на Попис’ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“,

информираа од Уставен. 

Погледнете повеќе

Повеќе информации