Во тек е решавање на повеќе деценискиот проблем со атмосферските води кои за време на врнежи од дожд предизвикуваат големи штети и поплавување во домовите на граѓаните на улицата Илија Алексов. 

Се поставува одводна цевка Ø500 во должина од 30 метра која ќе ги зафати овие води и директно до коритото на реката ќе бидат одведени атмосферските води.

Градоначалникот Ристов го најави и проектот кој треба да започне со реализација наскоро на долниот дел од оваа улица Илија Алексов со кој ќе се опфатат и на тој дел атмосферските води кои претставуваа проблем за граѓаните и движење на автомобилите за време на врнежи од дожд.

Погледнете повеќе

Повеќе информации