- Административниот службеник Душан Хаџи-Василев вработен во Општина Радовиш и распореден на работно место со звање-Соработник за одржување на информатички систем се назначува за службеник за млади.
- Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски:
-развивање,планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики;
-подршка на работата на локалната самоуправа ,локалниот младински совет ,неговите членови ,спроведувањето на неговата програма,известување и транспарентност;
-одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите;
-следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на општината ,консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите;
-обезбедување информации и информирање на младите;
-водење на база на податоци за разни младински активности,активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт;
-редовна комуникација со Агенцијата за млади и спорт;
-да биде контакт за сите младински прашања на локалната самоуправа кон младите и јавноста; и
-службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади.
3.Оваа решение влегува во правна сила од денот на неговото донесување.
РЕШЕНИЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови