Врз основа на член 44, став 5 од законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, Ви доставува предлог за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички Проект со ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ со класа на намена Е1- инфраструктура (фотоволтаични електрани), нарачатели: ,,СТПР ИНТЕРПРОПЕРТИ,, дооел Скопје, Ристо Поцков, Илија Сусинов, Бојан Сусинов, Кирчо Сусинов од Радовиш.
По предлог за одобрување на Планската програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма со број на постапка: 33967, за изработка на Урбанистички Проект за формирање на градежни парцели со класа на намена Е1- инфраструктура (фотоволтаични електрани) на КП 1016/1, КП 1016/6, КП 1016/7, КП 1016/8, КП 1016/9, КО Војславци, КП 1/6, КП 1/5, КО Сулдурци, општина Радовиш, со тех. бр. 04-282/2020 од 12/2020, изработена од ТДПИГК ,,ПАРАМЕТАР,, дооел Скопје, за потребите на нарачателите: ,,СТПР ИНТЕРПРОПЕРТИ,, дооел Скопје, Ристо Поцков, Илија Сусинов, Бојан Сусинов, Кирчо Сусинов од Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови