РИСТОВ: ДА МУ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА РАДОВИШ

Кандидатот за градоначалник на Радовиш Ацо Ристов е задоволен од кампањата и од програмата што ја презентира пред радовишани. На денешната средба со своите сограѓани Ристов изрази благодарност за големата поддршка во првиот круг.

Знам дека вие сте луѓе кои што нема да дозволите да ви биде купена иднината, него вие сами ќе си ја изградите заедно со мене. Затоа ве повикувам на 31 октомври да излезете масовно, бидејќи давајќи го вашиот глас вие ќе помогнете во процесот кој што веќе е почнат. Процесот е почнат затоа што ние веќе имаме мнозинство во Советот, советничката група гарантира дека сите проекти кои што сме ги понудиле, кои што јас лично ќе ги реализирам, Советот на Општината и градот имаат отворен пат за реализација. Се надевам и дека тоа ќе биде дополнителен поттик кој што граѓаните ќе ги мотивира да излезат и да си го дадат својот глас  за својот град.

Радовиш да остане на радовишани, да си го вратиме достоинството. Ве повикувам уште еднаш да гласате за бројот 7, за Ацо Ристов, за градоначалник на Радовиш, рече Ристов.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации