Подготовките на ракометиот клуб Радовиш се забрзано темпо, покрај редовните тренинзи екипата започнува со контролните-пријателски натпревари, каде што тренерот Љупче Мијалов ќе го комплетира костурот и структурата на екипата пред почетокот на новата натрпреварувачка сезона.
Од РК Радовиш упатуваат покана до сите љубители на ракометот да дојдат и ги проследат неколкуте ракометни-контролни натпревари на нашиот клуб пред почетокот на новата сезона.
Вечерва 19.00 часот сениорите ќе одиграт контролен натпревар со РК Младост од Богданци.