РК Радовиш во сабота гостува во Охрид на истоимената екипа во 4-то коло од Супер ракометната лига на Македонија.
Овој натпревар за нашите ракометари ќе биде од големо значање, со можност за едно пријатно изненадување и освојување на трите посакувани бода, кои можат да бидат итекако потребни за разврската во пролеттната Плеј-оф завршница. РК Радовиш заедо со РК Охрид а табелата имаат по 6 бодови и го делат 4 одностно 5 место.
Од РК Радовиш, најавуваат одличен натпревар каде што ќе го дадат максимумот за остварување на посакуваниот резултат и победа кај должниците од минатата сезона РК Охрид.
Во салата „Билјанини извори“ од 19:00 часот, е закажан натпреварот а сите љубители на спортот и ракометот можат да го проследат на LIVE Stream каналот на Ракометната федерација во живо.
LIVE Stream РК ОХРИД – РК РАДОВИШ