Ракометниот суперлигаш Радовиш ги надмина финансиските проблеми кои што настанаа околу префрлањето на буџетот поради Претседателските избори.
Радовишани во целост ги исплатиле играчите со плати заклучно со месец април, а во следните денови ќе им биде исплатена и платата за месец мај. Како што дознаваме од клубот, веќе неколку нови играчи се договорени и истите ќе потпишат договори со РК Радовиш за следната сезона. Имињата на играчите ќе бидат откриени во текот на следните денови. До крајот од оваа сезона, РК Радовиш има уште два натпревари.
Првиот го играа во четврток против РК Прилеп во Прилеп, додека вториот на домашен терен во Радовиш против ГРК Борец од Велес, со што сезоната ќе биде успешно комплетирана бидејќи радовишани изборија опстанок во Суперлигата.
Од РК Радовиш упатуваат голема благодарност до Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, како и до советот на општина Радовиш.