Ракометниот клуб Радовиш, сениорската екипа денес го започнува пролетниот дел од лигата, со натпреварот против РК Пелистер од Битола.
Од РК Радовиш упатуваат покана до сите љубители на спортот и ракометот заедно да го проследиме овој натпревар и им дадеме поддршка на нашите ракометари!
Со овој натпревар повторно ќе ја покажеме хуманоста на дело заедно со Црвениот Крст од Радовиш, натпреварот со РК Пелистер од Битола ќе биде од хуманитарен карактер.
На влезот од СРЦ “25 Мај” ќе бидат поставени касички со претставници од Црвениот Крст од Радовиш, каде секој посетител ќе има можност да донира. Собраните средства ќе бидат наменети за “Емануел дом за деца”.
РК РАДОВИШ – РК ПЕЛИСТЕР
Место: СРЦ 25 Мај, Радовиш
Време: 18:00 часот
Дата: Сабота 02.03.2019 година
Да навиваме за РК Радовиш и да ја покажеме хуманоста!