После паузата овој викенд каде што Македонската репрезентација имаше настапи продолжуваат ракометарите и натпреаврите во Супер ракометната лига на Македонија.
РК Радовиш во среда како што е најавено ќе го одигра натпреварот од Плеј Аут завршницата со екипата на РК Младост од Богданци, овој е втор натпревар на нашиот клуб од оваа завршница, во Скопје нашите ракометари и покрај нивната убедлива супериорност на крајот беа поразени од РК Работнички со резултат 25-23.
Се надеваме дека во среда ќе биде поволен резултатот за РК Радовиш и ќе успееме да реализираме три бода на салдото на нашиот клуб.
Инаку РК Радовиш има обезбедено и завршница во групната фаза од Купот на Македонија, натпреварите и тремините на одигрување дополнително ќе ги објавиме.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови