РК РАДОВИШ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ПРОТИВ РК ВАРДАР ЈУНИОР

Утре, Четврток 09.05.2019 год, во СРЦ 25 мај во Радовиш РК Радовиш е домаќин во претпоследното коло на домашен терен на екипата на РК Вардар Јуниор.

Инаку оваа коло е од Плеј-Аут завршницата каде што нашата екипа добро стои на табелата и не е во опасност од испаѓање, но сепак натпреварот ќе е предизвик за нашите ракометари и управата за реализирање на една победа на старите должници РК Вардар Јуниор.

Од РК Радовиш упатуваат покана до сите љубители на ракометот и спортот утре со почеток 18.30 часот да бидат дел од овој натпревар и им дадат поддршка на нашите ракометари.

 

РК Радовиш – РК Вардар Јуниор
09.05.2019 – Четврток
САЛА: СРЦ 25 Мај – Радовиш
Време: 18:30 часот

Влез: Слободен

 




 




 




 

Погледнете повеќе

Повеќе информации