РК РАДОВИШ НЕ УСПЕА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ ОХРИД

Иако имаше одлична поставеност на теренот и одличните реализации и иницијативи РК Радовиш не успеа вечерва против РК Охрид.

Оваа коло е во рамките на Плеј-Аут завршницата од Супер Ракомерната лига.  РК Охрид стигна со пресврт во второто полувреме, откако во првото нашите ракометари имаа гол предност.

Нашите ракометари поведоа со 5-2, а охриѓани израмнија на  7-7. Потоа, ракометарите на РК Охрид го презедоа водството, но РК Радовиш со еден добар финиш заврши со еден позитива (17-16).

Второто полувреме беше во знакот гол за гол, но сепак успеаа да гостите да реализираат повеќе погодоци од неколкуте грешки на нашите ракометари.

Ивица Илиев постигна 13 гола кај РК Радовиш, додека кај гостите Иван Тасески 11.

РК РАДОВИШ – РК ОХРИД 29-32 (17-16)

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 



 

 




 





 

Погледнете повеќе

Повеќе информации