Во натпреварот со две различни полувремиња РК Радовиш претрпе пораз во второто коло од Супер ракометната лига на Македонија кој се одигра во Битола со резултат 35:27, полувреме 15:15.
Нашите ракометари одлично го започнаа натпреварот и во серија на грешки и дури пет израмнуувања, каде што имаа и водства во текот на првото полувреме 8-10 во 17. минута, но на полувреме се замина со 15-15.
Второто полувреме започна со серија од одбрани на домашниот голман со што ја превзедоа контролата и водството во натпреварот кој заврши со победа на Битолчани од 35-27.
Најефикaсни стрелци во победничката екипа беа Ојлески и Џукиќ, а кај нашите Илиев со 11 и Бујиќ со 5 погодоци.
Е. РАБОТНИК – РАДОВИШ 35:27 (15:15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2000. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
Е. РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Ивановски, Ивановиќ 6, Ојлески 7, Маркоски 4, Пецаковски 1, Талевски, Мемиќ, Кузмановски 4, Крстевски, Мандиќ, Дрогришки, Граџан 1, Ѓукиќ 6, Кузманоски 6.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 12 мин.
РАДОВИШ: Паунов, Томов 2, Бујиќ 2, Илиев 11, Долдуров, Ѓорѓиев, Мицев, Димов, Тушев, Јованов, Симиќ 1, Ристов 5, Лазаревски 3, Трајанов.
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.